Снегот ги изненади во Битола, одложено дербито Пелистер – Вардар

Дербито од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Пелистер и Вардар кое денеска требаше да се игра во Битола е одложено. Причина за одложувањето е катастрофалниот терен на стадионот „Тумбе кафе“ во Битола.

Вчера во Битола наврна снег, го покри и теренот на стадионот, а денеска тој не личеше на место на кое треба да се игра фудбал.

Овој меч е презакажан за 14 декември, додека останатите три четвртфинални дуели во Купот се во тек.

- Оглас -

Најнови вести