Првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на Европа започнуваат вечерва, а први на теренот излегуваат Бодо/Глимт и Лацио, кои ќе играат во 18:45 часот. Иако натпреварот беше под прашање поради големите снежни врнежи кои го погодија северот на Норвешка, организаторите успеаја да го исчистат теренот, па натпреварот ќе се одигра.
Стадионот „Асмпира“ во Бодо, град над Арктичкиот круг, беше комплетно покриен со снег, што предизвика вистински спектакл на социјалните мрежи и многу видеа го обиколија интернетот.
😭 This is how the pitch looks for Lazio vs Bodø/Glimt tonightpic.twitter.com/rUtFRHp44J
— Italian Football TV (@IFTVofficial) April 10, 2025
Иако Лацио е благ фаворит, домашниот тим Бодо/Глимт може да има предност поради тешките временски услови на кои Норвежаните се веќе навикнати, додека Рим ужива во многу потопла клима.
Во тимот на Бодо/Глимт нема да играат Баси, Скеде и Вети, додека Лацио нема да може да смета на Ибрахимовиќ, Патрик, Пелегрини, Ровела и на Тавареш.
Подоцна вечерва, во 21 часот, на распоред се уште три натпревари. Дербито на вечерта ќе биде дуелот меѓу Лион и Манчестер јунајтед, додека Тотенхем ќе го пречека Ајнтрахт Франкфурт.