35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Со 20 денари уплата чекаше добивка од 160.000 денари, но најдобриот тим не успеа дома да го победи „фенерџијата!“

Возбудливиот викенд донесе голем број на добивки во Sport Life, но и тикети на кои „за едно“ не донесе радост кај дел од обложувачите. Од многуте уплатени тикети, го имаме и малерот на викендот. Обложувач во Sport Life, во саботата направи тикет на кој нареди дури 20 мечеви од повеќе фудбалски лиги.

На тикет на кој има 20 меча, одличен е и LUCKY BONUS, но за жал овојпат еден меч го расипа расположението кај обложувачот кој со само 20 вложени денари очекуваше 160.901 денари. Кобниот дуел е од швајцарското првенство меѓу Јанг Бојс и Вадуз.

Јанг Бојс како убедлив лидер во Швајцарија на свој терен го пречека најслабиот во лигата, Вадуз. Иако се очекуваше лесна победа на домаќините, Вадуз прв погоди за 0:1 и тој резултат беше се до 81 минута кога домаќините израмнија. За жал, фаворитот не успеа да даде и втор гол, па остана нерешено, резултат кој не беше посакуван на овој играч во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести