Со часови го чекаа да пристигне – Со ваква поддршка Дрогба ќе прегази на изборите (Фото)

Дидие Дрогба предизвика масовна лудница, а илјадници луѓе со часови го чекаа пристигнувањето на најголемиот фудбалер во историјата на Брегот на Слонова Коска пред седиштето на Фудбалската федерација.

Дрогба пристигна во Трејвил, место во близина на главниот град Абиџан за да ја претстави својата програма пред престојните претседателски избори, за прв човек на Фудбалската федерација.

Големата легенда е еден од четирите кандидати за нов претседател и прв човек на фудбалот во Брегот на Слонова Коска. Пристигна во придружба на својот татко, кој му помага во кампањата.

Вкупно има четири пријавени кандидати, но процедурата е сложена. Има пет интересни групи, составени од тренери, поранешни и сегашни фудбалери, доктори и судии кои треба да дадат препорака за секој од кандидатите кои би добиле зелено светло за да се тркаат за челното место во Федерацијата.

„Фудбалот е игра за секого, ги зближува и обединува луѓето. Се радувам што ве гледам со ваква масовна поддршка за доброто на најважната споредна работа на светот. Ќе биде нечесно, ако не ви дозволат да гласате и да ја изразите својата волја. Со вас заедно ќе ги победиме сите за доброто на фудбалот во Брегот на Слонова Коска“, изјави Дрогба.

Изборите се закажани за петти септември.

- Оглас -

Најнови вести