Со дерби дуелите од Италија, Англија и Франција, прогнозерите за седум меча нудат тикет со квота од 92

Петмина прогнозери имаат погодено пет фикса од шесте натпревари кои вчера се играа, а се дел од понудата во 8. коло. Барселона го понижи Реал Мадрид со 4:0, но „двојката“ не беше многу големо изненадување затоа што преку 25 отсто чекаа победа на каталонскиот гигант.

Денеска се играат уште седум натпревари, а има неколку дерби дуели за кои има многу различни прогнози. Денешните возбудувања ќе започнат од 17 часот кога Монако гостува кај Ница и дури 76 отсто чекаат „двојка“. Во англиското дерби Арсенал го пречекува Ливерпул, а интересно е дека 36 отсто чекаат победа на Топчиите, а исто 36 отсто се одлучиле за „икс“.

Се очекува „двојки“ да има на дуелите Унион Берлин – Ајнтрахт Франкфурт (51 отсто се за победа на Ајнтрахт), како и на Бетис – Атлетико Мадрид каде преку 70 отсто од прогнозерите чекаат триумф на Јорганџиите.

Во Серија А се игра Дербито на Италија каде точно две третини од прогнозерите очекуваат Интер да го победи Јувентус. Интересно ќе биде и на дуелот Фиорентина – Рома каде по 42 отсто чекаат „кец“ и „икс“, што значи дека многу мали се шансите за Волчицата.

Еден од најнеизвесните дуели според прогнозерите е и француското дерби меѓу Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен каде над 30 отсто има за сите три опции.

Според процентите кои се доминантни, прогнозерите „составија“ тикет на кој има три двознаци и носи супер вкупна квота.

1706 Ница – Монако                                  2    2.14

1101 Арсенал – Ливерпул                         1Х   1.42

1808 Унион Берлин – Ајнтрахт Ф.               2    2.75

3009 Интер – Јувентус                              1    1.83

1308 Бетис – Атлетико Мадрид                  2    2.28

1709 Олимпик Марсеј – ПСЖ                    1Х   1.90

3611 Фиорентина – Рома                          1Х   1.39

———————————————————————–

Вкупен коефициент:                      92.08

- Оглас -

Најнови вести