Со Елмас на теренот, Наполи беше сигурен против СПАЛ

Елиф Елмас беше еден од клучните играчи на Наполи во триуфмот против СПАЛ од 3-1 во мечот од 28-мото коло во Серија А. Македонскиот дијамант ја запиша својата прва асистенција во шампионатот, одлично го проигра Калјехон во 36-тата минута, по што нивната комбинација ја најави втората победа по рестартирањето на сезоната.

Претходно Мертенс отвори во четвртата минута, пред Петања да израмни по половина час игра. Во завршницата Јунес реализира за 3-1, па Наполи со 45 бода повторно е на три бода заостаток зад петтопласираната Рома.

Аталанта со 3-2 славеше на гостувањето кај Удинезе, меч во којшто нашиот репрезентативец Илија Несторовски доби прилика да ги одигра последните десетина минути од средбата. Божицата продолжи во победнички ритам и се зацврсти на четвртото место на табелата со 57 бода, девет повеќе од Рома.

Болоња со конечни 2-1 беше подобра од Сампдорија на „Луиџи Ферарис“, додека Сасуоло во последните секунди од средбата со Верона се спаси од пораз при конечни 3-3.

- Оглас -

Најнови вести