Со гол им донесе опстанок, но клубот ќе нема милост за капитенот

Џек Грилиш со гол во Лондон против Вест хем ѝ донесе опстанок на Астон вила во последното коло од Премиер лигата, но клубот ќе нема милост кон него и, барем според најавите, нема намера да ја намали високата отштета што ја бара за тој да си замине.

Британските медиуми објавија дека Грилиш е веќе договорен со Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи не сакаат да платат 80 милиони фунти за офанзивецот на Вила.

Клубот од Бирмингам не попушта и не сака да ја намали цената и Грилиш сега стравува дека трансферот може и да не се оствари.

Интересно е што Џек веќе се прости од навивачите на клубот за кој игра сега, а и тие со порака на социјалните мрежи му се заблагодарија за сè што стори за Астон вила.

Лани беше движечката сила на Вила и помогна со импресивни игри клубот преку бараж плејофот да се врати во Премиер лигата, а вчера беше стрелец на решавачкиот гол за реми против Вест хем, што му помогна на тимот од Бирмингам да игра најмалку уште една сезона во елитното англиско натпреварување.

Грилиш сезонава постигна вкупно 8 гола и имаше шест асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести