Со гол во 97-мата минута Нани го шокираше Интер на Дејвид Бекам

По неколку месеци пауза, американскиот МЛС-шампионат повторно се игра и веднаш имаше меч со неверојатна завршница. Орландо играше против Интер Мајами и успеа со пресврт да стигне до победа од 2:1. Интер поведе со 1:0 на почетокот на второто полувреме, а Орландо израмни со погодокот на Мулер.

Поради многуте измени и прекини, дуелот беше продолжен дури 10 минути, а во седмата минута од судиското надополнување Орландо стигна до погодок за победа. Нани, некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед, беше стрелец на погодокот за радост на Орландо.

За разлика од „регуларната“ сезона, која беше пред почетокот на пандемијата, мечевите во МЛС-првенството сега се играат како дел од турнирско натпреварување, а најдобриот тим од секоја група ќе се избори за место во доигрувањето. Сите мечеви се играат на Флорида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести