Лизгачки му влезе на голманот, а судијата наместо фаул, реши дека има гол (Видео)

Во време кога пандемијата од корона-вирусот имаше најголем замав во Европа, само белоруското фудбалско првенство реши да не прекинува, па тоа беше единствен извор на возбудувања во најважната споредна работа во светот. Едноставно, фудбалското првенство во Белорусија беше спортски феномен.

Сега, кога полека се враќаат возбудувањата во најсилните лиги, Белорусија веќе не е толку атрактивна. Сепак, дербито кое се играше вчера повторно ја активираше Белорусија на фудбалската мапа. БАТЕ Борисов на свој терен го пречека Шахтјор Солигорск, а домаќините имаа предност од 2:1, кога во 81-вата минута се случи спорен момент.

Гостите беа во напад, а еден играч сакајќи да стигне до топката, буквално со лизгачки старт удри во голманот на домаќините кои речиси ја имаше топката во своите раце. Од ударот, голманот ја испушти топката, таа дојде до друг гостински фудбалер, кој погоди во празната мрежа. Иако сите очекуваа судијата да покаже дека тоа е фаул над голманот, арбитерот досуди погодок за чудење и негодување кај домаќините.

Спорната ситуација може да ја погледнете ТУКА,  а како течеше целиот тек на мечот погледнете на видеото.

https://youtu.be/uSusq887g-Q

- Оглас -

Најнови вести