14.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Со мачета нападна ММА борец, напаѓачот беше експресно совладан (Видео)

Поранешниот ММА борец Хавиер Баез бил нападнат од човек кој во рацете имал мачета, но успеал да се одбрани и да го совлада напаѓачот.

Полицијата во Мајами објави дека пред трговски центар во овој град, Баез бил нападнат од 50-годишниот Омар Марер.

„Тој се расправаше со некоја жена на телефон. Тропна на прозорецот на мојата врата, по што му реков да ме остави, а тој се врати со нож. Повторно му реков дека не сакам никакви проблеми, ја повикав полицијата и се надевав дека нема да ми го скрши стаклото“, изјави Баез за медиумите во Мајами.

 

Откако напаѓачот не го послушал поранешниот ММА борец, бил соборен на земја и му било одземено оружјето.

„Кога толку многу тренирате, тоа ви станува рутина и рефлекс. Не требаше ништо друго да правам, тоа што го сторив беше инстинкт. Целиот живот тренирам боречки спортови, имам црн појас во џиу-џицу, додека студирав тренирав и борење, а имам и осум професионални борби и одлични тренинг-партнери“, додаде Баез.

- Оглас -

Најнови вести