УРУГВАЈ – ЕКВАДОР (23.59 ч.)
Уругвај е најтрофејната селекција во историјата на Копа Америка. Како увертира за настапот на континенталното натпребварување Уругвај триумфираше на Кина купот, но сепак ова е нешто сосема поинакво.
Уругвај нема одиграно нерешено на последните 17 меча, а сигурно Луис Суарес и Едисон Кавани ќе сакаат да ги израдуваат навивачите во првиот меч во Бразил. Еквадор воопшто не е наивен ривал и сигурно ќе сака да го изненади фаворитот, па се очекуваат погодоци.
Предлог тип: 1&3+ (3.50)
ХАИТИ – БЕРМУДСКИ ОСТРОВИ (23:59 ч.)
Дуел на две селекции кои се анонимуси, но Хаити ја има фаворитската улога. Интересно е што Хаити во квалификациите за Голд Купот успеа да победи со 13:0 против Сент Мартен и со тоа покажа дека има потенцијал во овој тим. На 11 од 15 дуели на Хаити имало барем по три гола. За Бермудските острови успех е тоа што се дел од Голд Купот.
Предлог тип: 1-3&1-3 (1.88)
КОСТАРИКА – НИКАРАГВА (02:00 ч.)
Еден од главните фаворити за триумф на Голд Купот е Костарика. Во последните 15-тина години, овие две селекции имаат одиграно пет меѓусебни средби, а интересно е што Никарагва уште нема дадено ниту еден погодок против Костарика. Само еднаш успеала Никарагва да одигра 0:0, а на останатите средби Костарика се радувала.
И овојпат Костарика треба лесно да стигне до трите бода
Предлог тип: 1&2-4 (1.72)
МИНЕРОС – ЗУЛИЈА (1:30 ч.)
Меч од плејофот во Венецуела, кој треба да го даде финалистот во Апертура. Првиот дуел заврши без погодоци, па Минерос сега на свој терен со каква било победа треба да обезбеди место во финалето. Во регуларниот дел од сезоната Минерос имаше најдобар ефект на свој терен и во 10 средби се радуваше на 8 победи, а имаше само едно реми и пораз.
Зулија е тим кој игра дефанзивно и не би требало да се очекуваат многу погодоци на реваншот, но сепак тешко дека гостите ќе успеат целосно да се одбранат.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.92)