Со овој гол, Меси го надмина Роналдо (Видео)

Лионел Меси цели 21 месец чекаше да даде гол од слободен удар надвор од „Камп Ноу“ и тоа конечно му успеа синоќа на теренот на Гранада. Аргентинецот даде два гола во убедливиот триумф од 4:0, а еден погодок беше од слободен удар.

Пред крајот на првото полувреме беше досуден фаул за Барселона работ од шеснаесетникот, а Меси мајсторски успеа да го надмудри „живиот ѕид“ и да пласира во мрежата на домаќините.

Со тој погодок, Меси стигна до 48 погодоци од слободен удар во дресот на Барселона и за еден погодок го надмина Кристијано Роналдо, кој во клупската кариера досега има постигнато 47 погодоци директно од прекин.

 

- Оглас -

Најнови вести