Со Пандев беше европски првак, сега на 39 години повторно ќе игра во Италија

Некогашниот бразилски репрезентативец Мајкон, имаше одлична кариера и бранеше боите на тимови како Монако, Интер, Манчестер сити и Рома. Кога во 2016 година ја напушти Рома, Маикон реши да си замине од Европа и се врати во родниот Бразил.

Тогаш Мајкон имаше 35 години и се веруваше дека неговото враќање во Бразил ќе значи и полека подготвување за крај на кариерата. Смени три тима, за да сега на почетокот на 2021 година, Мајкон изненадувачки се врати повторно во Италија.

Дефанзивецот кој летово ќе наполни 40 години потпиша договор со италијанскиот четвртолигаш Сона. Овој потпис е повеќе од изненадувачки за човекот кој во кариерата има четири титули во Серија А, а со Интер стигна и до европската и светската клупска титула. Во тоа време во Интер играше и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, кој исто така уште не се откажува, но нашиот Гоче е дел од Серија А во тимот на Џенова.

 

- Оглас -

Најнови вести