Македонската фудбалска репрезентација денеска во Скопје се собра по повод претстојните пријателски средби против Босна и Хергецовина и Турција, двете на гостински терен.

Селекторот Гоце Седлоски за мечевите кои што се играат на 29-ти мај во Сараево, и на 1-ви јуни во Истанбул, повика и петмина дебитанти: Аломеровиќ, Омерагиќ, Јанкулов, Анѓелески и Додев.

Нашиот состав денеска в четврток лета за Сараево. По тој меч кој се игра в петок вечерва, директно се лета за Истанбул каде што со Турција на 1-ви јуни играме на стадионот „Шукру Сарачоглу“.

Првиот тренинг пак е закажан за денеска од 19 часот.


