Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, го објави списокот од 26 играчи кои ќе играат на Светското првенство и се потврдија најавите дека за првпат во историјата, на СП во шпанскиот тим ќе нема ниту еден играч на најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид.
На широкиот список од 55 играчи беа ставени Даниел Карвахал и Дин Хаусен, но селекторот процени дека тие не се во доволно добра форма за да одат на Мундијалот и да бидат меѓу 26-те патници. Де ла Фуенте на прес-конференцијата истакна дека за Карвахал и Алваро Мората кои оставија силен печат, вратата на националниот тим не им е затворена и дека во иднина би можеле да бидат повикани „ако дојдат подобри времиња“ за нив.
Изненадување е Ерик Гарсија од Барселона кој нема играно за Шпанија уште од претходното Светско првенство во декември 2022 година во Катар.
Ова е составот кој ќе биде меѓу главните кандидати за титулата:
Голмани: Унаи Симон, Давид Раја и Жоан Гарсија.
Одбрана: Педро Поро, Маркос Љоренте, Ејмерик Лапорт, Пау Кубарси, Марк Пубил, Ерик Гарсија, Марк Кукурела и Алекс Грималдо.
Среден ред: Родри, Зубименди, Педри, Микел Мерино, Фабиан Руиз, Дани Олмо, Гави.
Напад: Нико Вилијамс, Алекс Баена, Микел Ојарзабал, Феран Торес, Борха Иглесијас, Јереми Пино, Ламин Јамал и Виктор Муњоз.

