Само со пет меча на тикет освои МИЛИОН благодарение на гол во 92-ра минута!

Дека некогаш не треба многу да се комбинира, да се редат „илјада“ меча за да се стигне до супер добивка, потврди еден обложувач во Sport Life кој успеа да освои МИЛИОН денари. На добитниот тикет се нашле само пет меча, а уплатата е 500 денари.

Тактиката била да се игра на победа на фаворитите кои играат на домашен терен и тоа со полувреме-крај, плус да има барем по три гола на мечевите. Двата вчерашни меча од Премиер лигата биле сигурна варијанта. Манчестер јунајтед брзо даде два гола против Брајтон, а во второто полувреме само се потврди триумфот на Црвените ѓаволи за да се погоди и условот од три погодоци.

Вистинска драма било за обложувачот на дуелот Вулверхемптон – Астон вила. Домаќините водеа на полувреме со 1:0, потоа дадоа уште еден гол за 2:0, но до крајот требало да има барем уште еден погодок во која било мрежа. Во 92-рата минута, египетскиот интернационалец Трезеге даде гол за Астон вила кој беше небитен бидејќи гостите загубија, но тоа беше погодок за радост на обложувачот од Струга.

Монпелје без проблеми даде еден гол во првото полувреме, а потоа уште два во вториот дел за 3:0 против Тулуз. Хајдук на полувремето водеше со 2:1, а на крајот победи со 3:2 против Осиек, додека Арецо во Серија Ц победи со 2:1 против Олбија, откако на полувреме водеше со 1:0.

ВО ОХРИД ДА НЕ БИДАТ ПОКУСО ОД СТРУГА – СО 500 ДЕНАРИ ДОБИВКА ОД 10.000 ЕВРА

Комбинација од конечни типови, но и игра на тоа да има повеќе голови во второто полувреме отколку во првиот дел е добитна варијанта за обложувач во Охрид. На тикетот има вкупно девет натпревари, а обложувачот се радувал на погодокот на Пауло Дибала за Јувентус против Милан.

НАРЕДИ ГИ ФАВОРИТИТЕ ОД СИТЕ ПРВЕНСТВА И ЧЕКАЈ СИ СЛАТКИ ПАРИ

Викендов беше еден од оние за кои обложувачите знаат да речат дека е реален и фаворитите си победија. Дури 16 парови има наредено обложувач од Гостивар, па за 50 денари успеал да добие 236.000 денари. Погодени се победите на фаворитите Салцбург, Хајдук, Динамо, Манчестер јунајтед, Борусија М., Јувентус, Розенборг, Порто, Атлетико Мадрид, Базел, Јанг бојс и Бешикташ. Кога ќе се погодат толку многу сигурни дуели, добивката е загарантирана.

СРЕЌАТА НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ, ЗАТОА СЕКОГАШ ТРЕБА ДА СЕ ИГРА

Да си ја проба среќата со 30 уплатени денари, во Струмица обложувач добил 91.459 денари. Пет меча со полувреме-крај „Х-1“ донеле радост. Јанг бојс, Јувентус, Атлетико Мадрид и Спортинг беа фаворити, но во второто полувреме го скршија отпорот на гостите, а Сент Етјен го доби дербито против Нант за радост во Струмица.

- Оглас -

Најнови вести