НБА-лигата одлучи да им дозволи на кошаркарите да започнат со тренинзи по 8 мај, но ќе мора да се придржуваат до строгите мерки. Тие ќе мора да се почитуваат во текот на првата фаза од процесот кон враќање на нормалните активности.
Во салата ќе може да тренираат по четворица играчи во ист момент, притоа ќе треба да се држат до препораките за социјална дистанца и да носат заштитни маски до почетокот на тренингот. Забранети се колективни тренинзи, тренинг-натпревари и вежби со контакт, додека на тренерите им е забрането да присуствуваат на тренизите. Исто така на кошаркарите им е забрането користење на теретаните, сауните и слични простории.
Интересно е што НБА-лигата ги задолжи сите екипи да воведат нова работна позиција, а тоа е одговорен за хигиената во тренинг-центарот.
Сезоната во НБА -лигата е суспендирана од 11 март, а само девет дена подоцна им беше наредено на екипите да ги затворат салите и тренинг-центрите.