Со три погодени меча освои МИЛИОН денари!

Една поговорка вели фрли рипче за да фатиш крапче. Токму така може да се опише тикетот на обложувачот кој во скопската населба Кисела Вода уплатил тикет на 5.000 денари. Тоа е висока сума за уплата, но затоа и исплатата е максимална. Со 5.000 денари, играчот во Sport Life успеа да добие МИЛИОН денари, и тоа само на три мечеви.

Одиграни се три средби од швајцарската Прва лига, а прогнозите се исти – да има 2-3 гола во прво полувреме и 2-3 гола во второ полувреме. На ваквите комбинации и коефициентите се високи, па затоа со трите погодени меча вкупниот коефициент е 202. Погодените дуели се трите неделни меча: Базел – Сион 4:0 (2:0), Тун – Сент Гален 1:4 (0:2), Цирих – Сервет 0:5 (0:2). Најкритично му било на дуелот во Базел, каде што домаќините вториот гол во првиот дел го дадоа во 45-тата минута, а и на останатите два меча имало битни голови во последните 2-3 минути од полувремињата.

 ЕКСПЕРТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ВО КУМАНОВО ИМА 10 ОД 10 ЗА ДОБИВКА НАД 4.000 ЕВРА 

Среќата му се насмевна на обложувач кој во Ѓорче Петров уплатил само 30 денари, а добил 207.784 денари. На шест меча на кои нема коефициент помал од 3,85, успеал да се радува. Верувал во победа на Милан на гости кај Болоња и на Леганес против Селта Виго, а три средби се дека на полувремето двата тима ќе дадат барем по еден погодок.

Одличен тикет има уплатено и во Куманово, каде што за 200 вложени денари, добивката е 243.551 денар. На 10 натпревари, од кои четири се од Премиер лигата, коефициентите на мечевите се помеѓу 1,62 и 2,50, што значи дека се работи за реални комбинации кои се добро одиграни, па на крајот и добивката е над 4.000 евра.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести