Одбраната на Џенова направи две катастрофални грешки и поразот од Саусоло беше неминовен во меч од 35. коло во Серија А. Горан Пандев беше стартер за Џенова и одигра 68. минута, па беше заменет при резултат 0:2.
Џенова се бори за опстанок, но не успеа да освои барем еден бод, а грешките на дефанзивците во 14. минута кога Распадори остана сам пред голманот Перин и особено на Андреа Масиело во 66. минута можат скапо да го чинат најстариот тим во Италија.
Масиело почетнички се обиде да врати една топка кон својот голман, а подарокот што го доби Бердарди, не пропушти да го реализира за 0:2 во 66. минута.
https://twitter.com/livescore/status/1391364830498545665?s=20
Домаќините намалија на 1:2 со голот на Запакоста, но ќе стравуваат за опстанокот во последните три кола.
Џенова е на 14. позиција со 36 бода, пет повеќе од Беневенто, но со меч повеќе. Беневенто со 31 бод е најзагрозен, покрај веќе испаднатите Кротоне и Парма, а денеска од 15 часот игра против Калјари, екипа што има само еден бод повеќе.