Со вакви резултати, Гатузо може да добие „шут-карта“ од Милан

Нова сезона, но повторно исто разочарување на Милан. Некогашниот европски првак има само една победа по четири меча во Серија А, што е доволно само за 13-тата позиција во италијанското првенство. На последниот меч против Аталанта, Милан на два пати беше во водство, но на крајот не победи. Имаше предност од 1-0, а потоа водеше и со 2-1, но на крајот прими гол во судиското надополнување и средбата заврши 2-2.

Генералниот менаџер на Милан, Леонардо, најави дека ако продолжат овие резултати, може да дојде и до смена на тренерската позиција, каде што во моментов е Џенаро Гатузо.

„Треба да се вратиме во победничка форма и да почнеме да доминираме. Треба да се научиме да ги победуваме мечевите на кои играме добро и имаме водство. Имаме долгорочен проект, а тренерот е дел од него. Сепак, не може премногу долго да чекаме. Во следните мечеви ќе треба играта и резултатите да бидат многу подобри“, рече Леонардо.

Милан во четврток ќе гостува кај Емполи, во меч од следното коло на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести