Соблекувалната му го сврте грбот на Тен Хаг, ѕвездите дадоа зелено светло за нов тренер

Ерик тен Хаг дефинитивно ќе си замине од клупата на Манчестер јунајтед по завршување на сезоната и апсолутно никаков резултат нема да му го продолжи престојот на „Олд Трафорд“ бидејќи и ѕвездите во тимот му го свртеа грбот, објавија англиските медиуми.

Според новинарот на ЕСПН, Марк Огден, играчите кои го имаат главниот збор во соблекувалната, се согласиле Тен Хаг на крајот од сезоната да добие отказ.

Косопственикот на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф одлучи екипата во идната сезона да ја предводи актуелниот селектор на Англија, Герет Саутгејт. Наводно сè е договорено меѓу Ретклиф и Саутгејт, кој по завршување на Европското првенство, кое налето ќе се одржи во Германија, ќе биде промовиран како нов менаџер на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести