Соиграч на Алиоски е топ-кандидат за стрелец на премиерниот гол на Мундијалот (Фото)

Sport Life веќе го објави Специјалот за утрешната фудбалска премиера на Мундијалот во Катар меѓу домаќинот и Еквадор од 17 часот, а дури 108 различни игри има во понудата.

Една од најпривлечните содржини е кој ќе биде стрелец на првиот гол на Светското првенство, а главен кандидат е Енер Валенсија, кој му е соиграч на Езџан Алиоски во Фенербахче.

За напаѓачот на Еквадор квотата во Специјалниот сингл на Sport Life дека ќе биде прв стрелец на премиерата е 5.50.

Неговиот соиграч Мајкл Естрада и напаѓачот на Катар Али Алмоез се веднаш зад Валенсија со понуда од 7 коефициент први да погодат на премиерниот меч на СП.

 Има понуда и Еквадор да победи, а Валенсија да даде гол во било кое време од мечот и таквата варијанта е со квота 4.00, или најмала од сите слични понудени комбинации.

Катар да победи и Али Алмоез да даде гол е најсигурната варијанта за домаќинот и во понудата на Sport Life со Специјалниот сингл е со квота од 7.50.

Интересна е и понудата за начинот на кој ќе биде постигнат првиот гол, време на првиот погодок, број на картони, корнери, офсајди, удари на гол, дали ќе има пенал и за кого и дали ќе има црвен картон и уште дузина интересни игри.

 

- Оглас -

Најнови вести