Соиграч на Нејмар и Мбапе потпиша за претпоследниот тим во Хрватска

Кевин Римане е нов играч на хрватскиот прволигаш Истра. Фудбалерот кој сезонава го носеше дресот на францускиот првак Пари Сен Жермен, денеска и официјално ќе биде претставен во тимот кој се бори за опстанок во хрватската лига.

Репрезентативецот на Француска Гвинеја сезонава одигра три меча за првиот тим на ПСЖ, а може да се пофали и дека има освоено две титули во француското првенство и Суперкупот на Франција. Целата досегашна кариера ја помина во ПСЖ и ова му е прв трансфер надвор од Франција.

Истра игра слабо сезонава, моментно е на деветото место на табелата и се бори за опстанок.

https://www.instagram.com/p/BpcfPJbhWcJ/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести