Соиграч на Пандев испиша историја во Серија А, но Џенова тоне ли тоне (Видео)

Елдор Шомуродов вечерва стана прв Узбекистанец кој постигнал гол во италијанската Серија А, но за негова жал и за жал на Горан Пандев, нивната Џенова дома загуби од директниот конкурент во борбата за опстанок, Парма, со 1-2. Двата гола за Парма ги даде Жервињо.

Пандев беше резерва и влезе во игра во 69-тата минута на местото на стрелецот Шомуродов, кој 19 минути претходно намали на 1-2 и испиша историја на узбекистанскиот фудбал. Џенова има црна серија од четири порази по ред, во последните шест кола освоија само еден бод, па останаа претпоследни на табелата.

Ова е утешниот гол на Џенова:

https://twitter.com/i/status/1333518758128836608

- Оглас -

Најнови вести