Соиграч на Салах се чуди: Најчесто си скржав, јас уште чекам да ме почестиш кафе

Мохамед Салах беше во центарот на вниманието откако на една бензиска пумпа на која тој полнел гориво во својот автомобил решил да ги плати сметките на сите оние кои во тој момент полнеле гориво во своите автомобили.

Ѕвездата на Ливерпул веднаш бил препознат од луѓето кои биле на бензиската на периферијата на Ливерпул и започнале да го фотографираат. Египетскиот репрезентативец решил да ги изненади сите тие и ги платил нивните сметки на бензиската.

Овој гест на Салах посебно го изненадил неговиот соиграч од Ливерпул Дејан Ловрен. Ловрен напиша зајадлив коментар на фотографијата на Салах „Одличен гест, но дали може барем еднаш мене да ме почестиш кафе? Вообичаено ти си стиснат човек и навистина сум изненаден, но секако тоа е одлично завршена работа“, напиша Ловрен.

Хрватскиот репрезентативец е познат како добар пријател на Салах и често знае да му напише зајадливи коментари како овој сега.

 

- Оглас -

Најнови вести