Голот од пенал во 90+10 минута во Берово донесе добивка над 5.000 евра

Лудилото на „Месталја“ кое заврши со реми од 2-2 меѓу Валенсија и Хетафе по 100 минути игра донесе радост во Берово. Редовниот клиент на Sport Life обложувалници  си ги наполни џебовите со фантастична добивка од 327.438 денари откако Солер му го спаси тикетот длабоко во судиското надополнување.

Овој меч го типувал со двознак дека домаќинот ќе победи или ремизира, притоа ќе има од два до четири гола. До 87-мата минута Валенсија водеше со 1-0, резултат кој не беше во полза на обложувачот од Берово. Во тој момент Хетафе израмни на 1-1, а во четвртата минута од судиското надополнување гостите поведоа со 1-2 за неверување.

Сепак, далеку од тоа дека ова беше крајниот резултат. Валенсија доби златна шанса да се спаси од пораз во 100-та минута, а Солер го реализира пеналот за конечни 2-2.

СКОКНИ ГИ ТОП 5 ЛИГИТЕ, ФАТИ СИ 1.800 ЕВРА

Викендов беше како создаден за големи добивкиособено со резултатите од топ 5 лигите во Европа, но еве доказ дека може и без нив да се стигне до убави пари со минимален влог. Обложувачот од скопската населба Даме Груев покажа дека со 20 денари, може да се заработи малку повеќе од 1.800 евра, или поточно 116.263 денари.

Со парови од португалската Примеира и холандската Ередивизе, како и шкотскиот фаворит Селтик на чело на тикетот, е добитната мешана комбинација на типови. Со „кец во кец“  и 2+ ги погоди Селтик, Спортинг Лисабон и ПСВ Ајндховен, опасни типови се двојките надополнети со ГГ на Санта Клара, Гимараиш и Феенорд, додека АЗ Алкмар и Хереверн со повеќекратно тресење на мрежите излегоа „кец“, односно „двојка“.

И АВТОГОЛ ВО 89-ТА НЕКОГАШ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ СРЕЌА

Уште еден доказ дека некогаш е подобро да не се типува на „големите“. Во Чаир очигледно е позната таа филозофија, па обложувачот  намирисал голеади во Данска, Германија и Австрија и со влог само од 50 денари, си ќари 107.079 денари.

Поголемиот дел од паровите се типувани 4+, сите излегоа без проблем, а до последен момент се чекаше четврти гол во ремито меѓу Адмира и Волфсбергер. До 88-мата минута гостите водеа со 1-2, но за да биде добитен тикетот, фудбалерите на Волфсбергер сами си постигнаа гол за 2-2 во последните мигови од регуларните 90 минути и на противникот му подарија бод.

- Оглас -

Најнови вести