Викендов беше како од соништата, едноставно создаден за добивки во Sport Life

Зад нас е уште еден фудбалски викенд, а според резултатите, посебно од најсилните лиги во Европа, многумина од обложувачите треба да се насмеани и со добитни тикети. Ова беше еден од оние викенди кои со нетрпение ги очекуваат играчите во Sport Life затоа што речиси сите фаворити победија.

Стандардно, најголем дел од обложувачите кога уште во петок ќе го добијат „тазе билтенот“, фокусот е со кого играат големите фаворити. Во ова коло единствено дерби од Топ 5 лигите беше само дуелот Манчестер јунајтед – Арсенал, што значеше дека сите останати гиганти треба да имаат полесна задача за да победат. Тоа е и полесна шанса за да се стигне до добитно ливче.

ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА И ВО ГЕРМАНИЈА НЕМАШЕ НИЕДНА „МИНА“

И одлично почна. Трите саботни меча во англиската Премиер лигата беа во знакот на фаворитите. Манчестер сити и Челзи победија на гости без да примат гол, а шампионот Ливерпул се помачи, но на крајот ги освои сите три бода против Вест хем. За фановите на Премиер лигата, ова се резултати за мерак, а и во неделата Тотенхем ја оправда фаворитската улога против Брајтон и победи со 2:1.

Фаворитите беа без проблем во Германија. Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Баер Леверкузен си „лапнаа“ три бода на гостински терен, за радост на сите оние кои играат на „сигурно“.

Реал Мадрид уште во 16 часот попладне во саботата беше заокружена како добитна комбинација затоа што Кралскиот клуб со 4:1 ја победи Уеска, додека вториот мадридски гигант Атлетико со 3:1 победи Кај Осасуна. Победија и Јувентус, Милан и Рома во Серија А, а ПСЖ без мака освои три нови бода во Франција.

Според овие резултати, дури 13 изразити фаворити во Топ 5 лигите се радуваа на победи. Тука ако се додаде дека и во Холандија без кикс беа Ајакс, ПСВ Ајндховен и Феенорд, како и Спортинг и Бенфика во Португалија, се доаѓа до бројка од 18 СИГУРНИ парови, па можеме да прогласиме дека ова беше еден од оние „викенд од соништата“ за играчите во Sport Life.

БАРСЕЛОНА ТРГНЕТЕ ЈА ОД ЛИСТАТА НА „СИГУРНИ“

Ако сега негодувате и не се најдете меѓу оние кои денеска или утре ќе одат на исплата, тогаш многу е веројатно на вашиот тикет да се Барселона, Интер или Порто. Од Топ 5 лигите, плус додадени Холандија и Португалија, ова се трите фаворити кои киксираа, но се надевам дека за нив немало место на вашиот тикет.

Барселона беше три меча без победа и дуелот против Алавес беше еден од оние „мора да победи“. Тоа МОРА, често пати знае да биде кобно за тикетот да не е добитен. Каталонскиот гигант одигра само 1:1, па сега од шест кола, има само осум бода, што е најлош старт во историјата за клубот откако за победа се даваат три бода.

Ако Барселона беше гостин, Интер на свој терен киксираше. Нераѕурите се спасуваа од пораз против Парма и на крајот извадија 2:2. Резултатот делува изненадувачки, но ако се знае дека Интер на последните пет меча ја нема победено Парма на „Џузепе Меаца“, можеби ќе сфатите дека некогаш треба да се почитува традицијата ако сакате да имате добитен тикет.

„КАПА ДОЛЕ„ ЗА ИБРА И КРИСТИЈАНО

Шоуто викендов беше во копродукција на Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо. Легендарниот Ибра покажува дека е незапирлив иако за неколку месеци ќе полни 40 години. Ѕвездата на Милан погоди со „ножички“ и им донесе радост на гости кај Удинезе. Ова беше негов седми погодок во четвртиот натпревар сезонава во Серија А.

Само неколку часа по шоуто на Златан, се појави и Роналдо на теренот. Кристијано „одлежа“ 20-тина дена поради корона-вирусот, а на дуелот против Специја покажа што значи за Јувентус кога тој е на теренот. При резултат 1:1, Роналдо влезе и само за три минути даде гол, а потоа погоди уште еднаш за сигурна победа на Старата дама.

ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ Е ВО ПОЛН ЕК

Ако сте мераклија за играње на фаворитите, веќе утре и задутре е вашата нова шанса. Во вторник и среда на програмата се дуелите од третото коло во Лигата на шампионите, а во Sport Life понудата повторно ќе биде одлична. Затоа чекајте го утрешниот „тазе билтен“ и одберете ги вашите сигурни парови за нови добивки.

- Оглас -

Најнови вести