Лудиот финиш на „Месталја“ заврши со спасување на Валенсија во стотата минута (видео)

Валенсија и Хетафе ги поделија бодовите при конечни 2-2 во последниот меч од вчерашната програма од осмото коло во Ла Лига. Драмата на „Месталја“ траеше до 100-тата минута, односно се играа 10 минути во судиското надополнување во кои се видоа два гола и еден црвен картон.

Прво Кучо во 87-мата минута израмни на 1-1 откако домаќините беа во резултатска предност уште од 22-рата минута. Во 90+4, Анхел искористи во мешаницата пред голот на Валенсија да оствари комлетен пресврт, па Хетафе беше на прагот на победа.

Сепак, Лилјаците веќе во следниот напад добија пенал во своја корист откако Суарес за осум минути заработи два жолти картони и исклучување, а одговорноста ја презеде Солер и реализираше од белата точка во 90+10 минута за конечни 2-2.

- Оглас -

Најнови вести