Солскјер: Ако се искачите на Монт Еверест и стоите во место, ќе се смрзнете

Манчестер јунајтед како лидер во Премиер лигата денес гостува на „Енфилд“ кај актуелниот шампион Ливерпул. Околу најголемото англиско дерби одмана не владеела голема доза на возбудливост и нетрпение, со очекувања дека двата гиганти ќе приредат спектакл.

Во пресрет на дербито, Оле Гунар Солскјер ги предупреди своите играчи дека не треба да стојат во место сега откако се искачија на врвот на табелета во втората половина од сезоната.

„Сите напорно работиме за да остваруваме добри резултати. Почнувајќи од стручниот штаб, до играчите и навивачите. Сите имаат своја улога во нашиот поход. Меѓутоа, сега откако се искачивме на Монт Еверест не треба да стоиме во место, бидејќи ќе смрзнеме. Никако не смееме да се опуштиме, мора да продолжиме во ист ритам“, посочи норвешкиот стратег.

Дуелот Ливерпул – Манчестер јунајтед е закажан за 17:30 часот. Јунајтед е лидер со 36 бода по 17 натпревари, додека Ливерпул моментално е на третото место со три бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести