33.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Солскјер ќе има проблем да состави тим за гостувањето во Сан Себастијан

Оле Гунар Солскјер потврди дека утре за дуелот против Реал Сосиедад на „Аноета“ нема да смета на двајца првотимци.

Единсон Кавани и Дони ван де Бек изминатиот викенд се здобија со мускулни повреди, па тие двајца нема да учествуваат во гостувањето на Црвените ѓаволи во првата рунда од нокаут-фазата во Лигата на Европа.

Дополнителтен проблем за Солскјер е што и натаму не е познато дали Марсијал и Мектоминај ќе бидат подготвени до утрешниот дуел, додека Пол Погба до крајот на овој месец ќе биде во аут.

„Кавани и Ван де Бек дефинитивно нема да играат, додека лекарскиот тим врши напори да ги стави Марсијал и Мектоминај на мое располагање за утре. Што се однесува околу ситуацијата на Погба, неговата рехабилитација се одвива според планот, но до крајот на февруари нема да биде достапен“, посочи Солскјер.

Дуелот Сосиедад – Манчестер јунајтед е закажан за утре, со почеток во 18:55 часот.

- Оглас -

Најнови вести