Солскјер: Рашфорд е на нивото на Руни и Роналдо

Оле Гунар Солскјер продолжува да прави чуда со Манчестер јунајтед. Норвежанецот стана првиот тренер во историјата на „црвените ѓаволи“ кој дебитирал со шест победи по ред во првенството. Ако се додаде и триумфот во Купот, тогаш Солскјер има 7 од 7.

Еден од најзаслужните за оваа перфектна низа на Манчестер е напаѓачот Маркус Рашфорд. На дуелот против Брајтон, Рашфорд го одигра 150-тиот меч во дресот на најтрофјениот англиски клуб и тоа го „зачини“ со погодок во триумфот од 2-1. За Рашфорд ова беше 41-ви погодок, што е одлично постигнување за играч кој има само 21 година.

Тренерот Солскјер веќе го споредува Рашфорд со некои од најдобрите играчи во историјата на клубот.

„Сигурен сум дека може да биде играч од светска класа. Има само 21 година, а веќе покажува голема зрелост. Фантастичен е начинот на којшто тренира. На противниците им е многу тешко да го сопрат. Неговата игра многу ме потсетува на тоа како играа Вејн Руни и Кристијано Роналдо на таа возраст“, рече Солскјер, кој како играч на теренот беше заедно со Руни и Роналдо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести