Солскјер реален: Не сме кандидати за титулата

Манчестер јунајтед водеше со 2:0, а потоа и со 3:2, но на крајот освои само еден бод на „Олд Трафорд“ во дуелот против Евертон. Гостите од Ливерпул постигнаа гол буквално во последната секунда од средбата и израмнија на 3:3. По завршување на средбата, тренерот на домаќините, Оле Гунар Солскјер изјави дека со вакви резултати, Манчестер не може да биде кандидат за титулата во Премиер лигата.

„Реагиравме добро на двата гола на противникот и повторно поведовме. Кога судијата покажа уште четири минути за игра, едноставно требаше да ја исконтролираме топката и да го чекаме крајот. Не сакам да обвинам никого за третиот примен гол во последната секунда, затоа што сите знаат дека можеле да изреагираат подобро во дадена ситуација. Загубивме два бода и едноставно не треба да не спомнуваат меѓу екипите кои се во трка за титулата“, рече Солскјер по драматичниот дуел на „Олд Трафорд“.

За разлика од Солскјер, тренерот на Евертон, Карло Анчелоти со воздишки објаснуваше колку бил драматичен дуелот.

„Уф, каков меч. Во првото полувреме делувавме некако срамежливо, но по паузата ја контролиравме топката. Горд сум на играчите. Покажаа борбен дух и до последниот момент не се предадоа. Затоа и заслуживме да не загубиме“, рече Анчелоти.

 

- Оглас -

Најнови вести