Солскјер: Во финалето стигнавме со едно добро одиграно полувреме

Манчестер јунајтед вторпат по 2017 година се најде во финалето на Лигата на Европа, во кое за трофејот ќе се бори против Вилјареал на 26 мај.

Оле Гунар Солскјер не е задоволен што вчера Црвените ѓаволи загубија со 3-2 во реваншот против Рома бидејќи гаранција им беше големата победа од 6-2 во првиот натпревар.

„Многу лесно можевме да загубиме со 8-6, затоа сум разочаран. Мило ми е што сме во финалето, меѓутоа таму стигнавме со едно добро одиграно полувреме во првиот меч. Чуден меч, многу лесно ја губевме топката и ги остававме да ни се закануваат. Среќа што за нас брани еден од најдобрите голмани во светот“, истакна Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести