Сомнителен гол ги подели Мароканците, дали мечот е наместен или не? (Видео)

Голот со кој Маракеш поведе на свој терен против Јусуфија Берешид во меч од мароканската лига остава дилема дали гостите се навистина толку слаби и дозволија да примат евтин гол или намерно сакаа да примат гол и средбата е наместена.

Маракеш победи со 4-1, а првиот гол падна веќе во четвртата минута, кога Абделилах Амими по загубена топка на ривалите, си се прошета низ одбраната на противникот и со шут откосо ја затресе мрежата. Многумина се сомневаат дека Јусуфија како да сакала да прими гол, бидејќи реакцијата на одбраната и голманот беше лоша.

Оваа победа му требаше на Маракеш да продолжи да се бори за опстанок. Сега тимот е во солидна позиција да ја оствари целта бидејќи зависи од самиот себеси, но на две кола до крајот има само еден бод предност во однос на зоната на испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести