Сомнителна работа, голман при пенал остави празна цела страна (Видео)

На дуелот помеѓу Оренбург и Крила Совјетов во втората руска лига, домашните победија со 2-1, и тоа со гол од пенал во финишот, во 87-мата минута, а на изведувачот на пеналот Фамејех не му беше тешко да даде гол бидејќи голманот Ломаев му ја олесни работата со своето однесување.

Голманот Ломаев пред пеналот застана така што остави празна цела една страна, а кога изведувачот се залета кон топката, Ломаев почна да трча кон небранетиот дел, се фрли, но Фамејех ја шутна топката на другата страна, каде што првично стоеше голманот. Пред да прими гол, гостинскиот тим доби и црвен картон, како намерно да сакаа да загубат, па во овие моменти многумина наведе да се сомневаат во регуларноста на натпреварот.

Ова е спорниот пенал и необичното однесување на голманот:

- Оглас -

Најнови вести