Сон знае како да ги освои симпатиите на Жозе: Го претрча цел терен и спаси чист гол во 93-тата минута (видео)

Тотенхем вчера загуби од Ватфорд при конечни 2-1 во пријателскиот натпревар, кој можеше да заврши со поголема предност на Стршните. Тимот на Жозе Мурињо треба уште да работи за во добро светло да ја почне новата сезона во Премиер лигата, но еден од играчите на Петлите покажа дека е подготвен да го даде максимумот.

Сон Хеунг-мин во третата минута од судиското надополнување го претрча целиот терен и спаси чист погодок за Ватфорд при празна мрежа. При изведувањето на прекинот од корнер, во нападот на Петлите се приклучи голманот Газанига, додека Ватфорд се одбрани и тргна во контранапад со цел да ја запечати победата, но борбениот Сон не се предаде и ја тргна топката пред гол-линијата.

Инаку, Тотенхем на 13 септември ќе започне со обврските во новата сезона од Премиер лигата, кога на домашен терен ќе го пречека тимот на Евертон во првото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести