Сонгкрасин ја украси првата победа на Тајланд (Видео)

Чанатип Сонгкрасин е херојот на Тајланд и со прекрасен гол во второто полувреме беше најзаслужен за првата победа на својата репрезентација на Азискиот куп.

Во 58-мата минута одлично реагираше еден од најдобрите играчи на Тајланд, а голманот на Бахреин беше немоќен. Победата е вистинска рехабилитација за неочекуваниот пораз од Индија во првата рунда со 1-4, па Тајланд сега повторно е во игра за пласман во осминафиналето.

https://www.youtube.com/watch?v=5-3ssBfBfMY

Бахреин беше втор фаворит во групата А, но по две кола само со еден бод се наоѓа на последното место. Сепак, имаат шанси за подвиг и пробив во следната фаза на Азискиот куп ако ја победат Индија во последното коло во фазата по групи.

Подоцна, од 17 часот ќе се игра и вториот меч од второто коло во групата А меѓу домаќинот Обединети Арапски Емирати и Индија.

- Оглас -

Најнови вести