Соседот прв му посака добредојде на Пјаниќ (фото)

Миралем Пјаниќ од следната сезона ќе ја задолжи опремата на Барселона откако го комплетираше трансферот од Јувентус за сума од 60 милиони евра. Босанскиот репрезентативец на „Камп ноу“ треба да се задржи во наредните четири години, а прво добредојде му посака фудбалерот од соседната балканска земја, Хрватот Иван Ракитиќ.

„Добре дојде брате“, напиша Ракитиќ на „Инстаграм“ и веќе стигна помош за Пјаниќ полесно да се адаптира на новата средина. Останува да се види дали Ракитиќ ќе остане во Барселона и по оваа сезона, па балканската врска да проработи на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести