Состави шампионски тим, па одлучи да си замине

Мајкл Едвардс, спортскиот директор на Ливепрул, по повеќе од пет години успешна работа во клубот одлучи да ја напушти функцијата по крајот на актуелната сезона. Тој е најзаслужен што Јирген Клоп располага со ѕвезди како Мо Салах, Вирџил Ван Дајк, Садио Мане, играчи кои со своите одлични настапи придонесоа да се освојат титулите во Лигата на шампионите во сезоната 2018/19 и Премиер лигата во 2019/20.

Креаторот на шампионскиот мозаик од ноември 2016 година е на оваа функција, откако претходно одлично се покажа како скаут на Црвените, па управата направи вистински потег што му даде поголема одговорност.

Сепак, доаѓа времето за разделба, што со сигурност ќе влијае врз идните одлуки на гигантот од Мерсисајд кога во прашање е одржување на квалитетот на екипата.

- Оглас -

Најнови вести