Социјалните мрежи горат после изјавата на Пипен дека Џордан бил ужасен играч пред тој да дојде во Чикаго

Легендата на НБА лигата и долгогодишен партнер на Мајкл Џордан во шампионските денови на Чикаго булс, Скоти Пипен, даде изјава која ги запали социјалните мрежи со негативни коментари кон него.

Пипен рече дека Џордан бил ужасно лош кошаркар пред тој да му се придружи во Булс, и дека дури кога станале тандем, тимот почнал да победува. Пипен во Чикаго дојде во 1987 година, а Џордан во 1984 година како трети пик на драфтот.

„Го гледав Џордан пред јас да дојдам во Булс, а и вие сте го гледале. Тој беше ужасен играч. Цело време играше еден на еден, шутираше лошо. Јас кога дојдов, одеднаш станавме тим и почнавме да победуваме. Сите забораваат кој беше Џордан во првите сезони, тогаш не беше топ категорија“ – рече Пипен.

Во сезоната пред да дојде Пипен во Булс, Џордан имаше просек од 37,1 поен по натпревар, негова најефикасна сезона во кариерата, а имаше и 5,7 скока и 4,6 асистенции по меч.

Пипен мисли и дека Чикаго од 1996/97 бил подобар тим од Голден стејт кога имаше 73-9 во регуларната сезона, и дека ако Џордан не се повлечел, ќе имале уште 2-3 титули.

- Оглас -

Најнови вести