Спалети: Бевме многу бавни, а вториот гол на Швајцарија значително делуваше на нас

Италија нема да го брани трофејот на ЕВРО 2024, откако доживеа елиминација веќе во осминафиналето од селекцијата на Швајцарија.

Фројлер во 37. минута донесе водство за Швајцарците, а Варгас се чини дека ги нокаутираше Аѕурите со погодокот за 2-0 на почетокот на второто полувреме.

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, не е задоволен од изданието на својот тим, истакнувајќи дека неговите фудбалери играле премногу бавно.

„Голот на почетокот на второто полувреме значително делуваше на нас. Не одигравме добро. Нашето темпо беше премногу бавно, се сум задоволен ниту од индивидуалното ниво на играчите. Во овој момент, оваа Италија очигледно може толку и јас ја преземам одговорноста за тоа. Да видиме сега што ќе каже господинот Гравина“, изјави Спалети.

 

- Оглас -

Најнови вести