Спалети доби лекција за фер-плеј од Милевски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, веднаш по завршување на натпреварот против Италија (1:1), се ракуваше со селекторот на Аѕурите, Лучано Спалети, и притоа го прекори за неспортското однесување на италијанските фудбалери.

Милевски при ракувањето со Спалети изгледаше луто бидејќи италијанските фудбалери не ја вратија топката на Црвено-жолтите.

Милевски притоа покажа на местото каде неговите играчи ја исфрлија топката поради повреда, и обвинувајќи го Спалети затоа што „аѕурите“ не му ја вратиле.

Манев во шеснаесетникот на Италија се пожали на повреда, но Италијанците не ја исфрлија топката туку тргнаа во напад, и кога нашите фудбалери им ја одзедоа, Елиф Елмас ја исфрли во аут за да може да му се укаже помош на дефанзивецот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести