Спалети ќе биде тренер на Наполи во следните две сезони

Лучијано Спалети е новиот тренер на Наполи, тврди познатиот италијански новинар Фабрицијо Романо.

„Спалети ќе биде новиот тренер на Наполи. Тој потпиша договор до 2023 година. Се е завршено“, објави Романо.

Наполи реши да го отпушти Џенаро Гатузо, откако во последното коло од Серија А, Наполи не успеа на свој терен да ја победи Верона и на тој начин испушти шанса да се пласира во Лигата на шампиони за следната сезона. Гатузо веднаш си најде нова работа и седна на клупата на Фиорентина, а сега и Наполи најде негов заменик.

Спалети нема работено во фудбалот веќе две години. Последен пат беше на клупата на Интер во периодот од 2017 до 2019 година, а доби отказ неколку месеци пред истекот на договорот. Со Нераѕурите два пати играше во Лигата на шампиони, но без поголем успех.

Познатиот италијански стратег пред Интер има работено и во Зенит, Рома, Удинезе, Анкона, Сампдорија и Емполи. Со доаѓањето на Спалети во Наполи, нашиот репрезентативец Елиф Елмас се надева дека ќе добие поголема шанса и минутажа да го покаже својот квалитет од тоа што му ја даваше Гатузо.

- Оглас -

Најнови вести