Спалети: Марадона од небото ќе навива за Наполи!

Дуелот помеѓу Барселона и Наполи е дерби на вечерта во Лигата на Европа, а посебна привлечност на овој меч му дава тоа што тие се двата клуба во кои Диего Марадона ги мина најславните денови во клупската кариера додека настапуваше во Европа.

Секако, покојниот Марадона многу поголеми успеси и подолго се задржа во Наполи, па затоа и тренерот на Наполитанците, Лучијано Спалети, верува дека Диего од небото ќе навива за неговиот тим, а не за Барса.

„Не верувам дека неиграњето на еден играч може да биде пресудно. Можеби тој играч да беше Марадона, ќе имаше разлика, вака не. Марадона ќе го гледа мечот од небото и сигурен сум, како и секогаш, ќе го поддржи Наполи“, изјави Спалети.

- Оглас -

Најнови вести