Спалети со суперлативи за Елмас: Тој е феномен

Елиф Елмас најави дека може да има одлична сезона во тимот на Наполи откако беше стрелец на првиот гол во новата сезона за италијанскиот тим. Во контролен меч против италијански нисколигаш Аунија, Елмас постигна гол само по четири минути игра во убедливата победа од 12:0.

Новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, е презадоволен од играта на Елмас и верува дека македонскиот репрезентативец ќе има важна улога во играта на тимот во новата сезона. За Елмас би требало да има место во стартниот тим во формацијата 4-2-3-1.

„Не можете да ги разберете карактеристиките на Елмас затоа што има многу. Тој е играч кој може да игра на повеќе позиции, каде и да го поставите, тој ќе одигра добро. Имаме нешто исклучително, тој е феномен. Ја следам неговата игра на теренот. Секогаш сака да е блиску до топката и врши одлична работа на средината од теренот. Тој е важен играч во тимот“, рече Спалети.

 

- Оглас -

Најнови вести