Спартанците ќе имаат премиера на ЕП против Финска

Македонската одбојкарска репрезентација ќе го почне историскиот настап на Европското првенство против Финска на 12. септември.

Европската одбојкарска Конфедерација го одреди распоредот по групите, а Финците ќе ни излезат на мегад на премиерата за нас. Следниот ден ќе играме со Турција, а на 14. септември следи најтешкиот меч, против актуелниот европски првак Русија.

Потоа ќе имаме ден за пауза, па на 16. септември противник ќе ни биде Белорусија, а фазата по групи ќе ја завршиме со меч против домаќинот Словенија.

Сите дуели ќе ги играме во салата „Стожице“ во Љубљана, а пласман до четвртото место во групата не носи во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести