Спартанците се уморија, Турција лесно ја декласира Македонија (Фото)

Турција ја декласира Македонија лесно и убедливо со 3:0 во сетови во третиот меч во фазата по групи на Европското првенство во одбојка.

Популарните Спартанци немаа решенија за разиграните турски одбојкари, а немоќта најдобро ја презентира серијата од 12:0 во поени во последниот сет.

Загубивме и третпат по ред, денеска против еден од фаворитите во нашата група, а поразот е со 22.25, 12:25 и 15:25 по поени.

Само првиот сет беше неизвесен, а Македонија стаса до 22:23, но не успеа да направи подвиг и да поведе со 1:0 во сетови. Се потоа мина во апсолутна доминација на одличните турски одбојкари, кои победија за час и 25 минути.

Не ни помогна ниту поддршката во Тампере од нашите навивачи и останавме без победа и во третиот меч на ЕП.

Македонија има три порази од три меча и има уште два дуели, против Шпанија и Русија со минимални шанси за пласман во следниот круг на натпревари на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести