Спас во последен час за Барселона: Рафиња од пенал за пресврт и победа над Селта Виго (Видео)

Фудбалерите на Барселона со гол од пенал во 98-мата минута дојдоа до значајна победа над Селта Виго од 4-3 и тоа дури откако губеа со 1-3. „Каталонците“ рано, уште во 12-тата минута дојдоа во водство од 1-0 преку Феран Торес, но гостите израмнија преку Борха Иглесиас само три минути подоцна.

Истиот фудбалер во 52-рата и во 62-рата минута зголеми на убедливи 1-3, но „каталонците“ не се откажаа. Дани Олмо во 64-тата минута намали на 2-3, а Рафиња во 68-мата минута израмни на 3-3.

Конечните 4-3 ги постави Рафиња од пенал во 98-мата минута, откако Дани Олмо непрописно беше соборен во шеснаесетникот на Селта Виго.

Барселона сега има седум бода предност пред Реал Мадрид, а „кралевите“ утре го играат својот меч од 32-рото коло на Ла Лига, против Атлетик Билбао на домашен терен и ќе имаат можност да се вратат на -4.

- Оглас -

Најнови вести