Спектакл каков што нема на ниеден друг спортски настан: Канзас во последните секунди ја освои титулата во Супербоулот (Видео)

Канзас сити чивс се победници на 57-мото издание на Супербоулот и со тоа станаа шампиони во ННФЛ во САД. На стадионот во Аризона, пред 67.000 гледачи, Канзас сити во неверојатна завршница ја победија Филаделфија иглс со 38:35 и стигнаа до третата титула во клупската историја.

Клучниот момент на мечот се случи на 11 секунди до крајот, кога при резултат 35:35, Бакер погоди филд гил (се добиваат три поени) и тоа беше доволно да се добие новиот НФЛ-шампион.

Двете екипи започнаа офанзивно и ги искористија првите напади, па по првата четвртина беше 7:7. Во втората четвртина беше 14:14, кога Бакер промаши еден филд гол (погоди во стативата) и пропушти шанса да донесе прва предност на Чифс.

До крајот на полувремето, Филаделфија иглс одигра одлично и стигна до 24:14. Во третата четвртина беше најсиромашна со поени, па Чифс имаа еден тачдаун, а Иглс само еден филд гол, па во последните 15 минути се влезе со резултат 27:21 за Филаделфија.

Два брзи тачдауна се случија во последната четвртина, и тоа во корист на Канзас сити, па овој тим за првпат поведе во Супербоулот, и тоа со 35:27. Филаделфија имаше еден одличен напад во кој по тачдаунот погоди и за два поени и резултатот беше израмнет на 35:35, на пет минути до крајот.

Филаделфија имаше напад во кој пропушти да стигне до тачдаун, но ја искористи последна можност и со филд гол од 27 јарди стигна до победа од 38:35.

Целиот хајлајтс од Супербоулот може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести