Вардар има водство од 2-0 по првиот дел против Шкендија, во меч од последното коло на Првата македонска фудбалска лига. Првите 45 минути на Националната арена може да добијат преодна оценка и за двете екипи, а поуспешни се домашните фудбалери.
Нуман Ајетовиќ во 20-тата минута си постигна автогол по нафрлањето на Георгије Јанкулов, а Горан Закариќ во 36-тата минута зголеми на 2-0.



